Најавени тимови за ЛШ: Како ќе се снајде Реал без Серхио Рамос?

Реал Мадрид стигна до предност на првиот меч со Ајакс во пресрет на реваншот во Мадрид, но „кралевите“ сепак се свесни дека ги очекува тешка битка на вечерашниот реванш на „Сантијаго Бернабеу“. Отсуството на Серхио Рамос е голем проблем за тренерот Солари, неговото место ќе му припадне на Начо, но јасно е дека влијанието на капитенот врз играта на актуелниот европски првак е огромно. Талентираниот офанзивен тим на Ајакс ќе се обиде да го искористи тоа, во обид за сензационален камбек и пласман во четвртфиналето од елитното европско натпреварување.

Борусија Дортмунд брка негатива од три гола на реваншот со Тотенхем, а голем „плус“ за „милионерите“ во однос на првиот натпревар е враќањето на капитенот Марко Ројс. Кај Тотенхем се уште ќе недостига Деле Али, предводник на нападот за рзлика од првиот меч ќе биде Хари Кејн, а неизвесен е настапот на Дајер.

БОРУСИЈА Д. – ТОТЕНХЕМ

Борусија: Бурки, Волф, Аканжи, Диало, Загаду, Вајгл, Витсел, Ројс, Гереиро, Санчо, Алкасер.

Отсутни: Пишчек. Неизвесен: Пулишиќ.

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Алдерверелд, Санчез, Гертонген, Орие, Дејвис, Сисоко, Роуз, Ериксен, Сон, Кејн.

Отсутни: Али, Дајер.

РЕАЛ МАДРИД – АЈАКС

РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Начо, Регулион, Кашемиро, Крос, Модриќ, Васкез, Винисиус, Бензема.

Отсутни: Рамос, Љоренте.

АЈАКС: Онана, Талјафико, Блинд, Де Лигт, Мазрауи, Де Јонг, Де Бек, Шене, Нереш, Тадиќ, Зијеш.

Отсутни: Банде.

Се вчитува...