Најавени тимови за ЛШ: Кавани го предводи ПСЖ, Зидан во дилема за Бејл

Зинедин Зидан се соочува со сериозна дилема во пресрет на вечерашниот дуел со ПСЖ, дали да продолжи да инсистира на Герет Бејл како стартер или да го пресели велшкиот ас на клупата за резерви. Роналдо и Бензема сигурно ќе стартуваат од првата минута вечерва, а Зизу дополнително ќе реши дали Бејл ќе биде меѓу првите единаесетмина или пак тоа место ќе му припадне на Иско. Една дилема сигурно е решена – Начо ќе биде изборот на позицијата десен бек на местото на суспендираниот Карвахал, па шпанскиот ас ќе добие предност пред Ашраф на местото во тимот кое значи директен чувар на Нејмар.

На спротивната страна, добра вест за ПСЖ е што Единсон Кавани ги надмина проблемите со повредата што го мачеше извесно време и поради која не настапи на последниот дуел со Тулуз. Отсуството на Мота го прави гостинскиот тим ранлив на позицијата последен играч за врска, каде најверојатно шанса ќе му се даде на искусниот Диара.

Емре Џан е единствениот отсутен играч на Ливерпул за вечерашното гостување во Порто, каде домаќините се надеваат дека ќе го оспособат за настап Абубакар, најдобриот напаѓач на овој тим кој се жали на повреда.

РЕАЛ М. – ПСЖ

Реал Мадрид: Навас, Начо, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Иско, Роналдо, Бензема.

Отсутни: Карвахал, Валјехо.

ПСЖ: Ареола, Дани Алвеш, Маркињос, Тијаго Силва, Курзава, Диара, Верати, Рабио, Мбапе, Нејмар, Кавани.

Отсутен: Мота.

ПОРТО – ЛИВЕРПУЛ

Порто: Са, Переира, Маркано, Рејес, Телес, Рикардо, Ерера, Оливеира, Брахими, Марега, Соареш.

Отсутни: Фелипе, Данило. Неизвесен: Абубакар.

Ливерпул: Кариус, Александер Арнолд, Морено, Ловрен, Ван Дијк, Хендерсон, Вајналдум, Окслејд Чембрлен, Салах, Мане, Фирмино.

Отсутни: Џан.

Се вчитува...