Најавени тимови за ЛШ: Ливерпул без Алисон, ПСЖ без неколку првотимци…

ПСЖ ќе се обиде конечно да ја мине осминафиналната пречка во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран во оваа фаза во последните три години од елитното европско натпреварување. Задачата на тимот на Томас Тухел не е нималку лесна, се брка негатива против одличниот тим на Борусија Дортмунд, а згора на тоа германскиот стратег нема да може да смета на неколку првотимци.

Капитенот Тијаго Силва нема да може да помогне во одбраната, поради што Маркињос ќе мора да биде вратен во последната дефанзивна линија, но се остава „дупка“ во средината од теренот, каде ќе ги нема Ерера и Верати. Згора на тоа, Мбапе поради вирус не тренираше во последните три дена, па се очекува најдобриот напаѓач на ПСЖ да одигра максимум триесетина минути од вечерашниот реванш.

Капитенот Џордан Хендерсон се враќа во првиот тим на Ливерпул за вечерашниот реванш против Атлетико Мадрид, на кој актуелниот европски првак ќе ја брка негативата од 1-0 од првиот меч во Шпанија. Голем проблем за Клоп ќе претставува отсуството на првиот голман Алисон, додека за разлика од првиот меч Атлетико ќе биде посилен за Жоао Феликс и за Трипие, кои не му беа на располагање на Диего Симеоне на натпреварот одигран пред дваесетина дена.

 

ЛИВЕРПУЛ – АТЛЕТИКО

Ливерпул: Адријан, Александер – Арнолд, Робертсон, Гомез, Ван Дајк, Хендерсон, Вајналдум, Окслејд-Чембрлен, Салах, Мане, Фирмино.

Отсутни: Алисон, Шакири.

Атлетико: Облак, Трипие, Лоди, Фелипе, Савиќ, Томас, Коке, Саул Нигез, Љоренте, Жоао Феликс, Мората.

Отсутни: /

ПСЖ – БОРУСИЈА Д.

ПСЖ: Навас, Керер, Маркињос, Кимпембе, Курзава, Геје, Паредес, Ди Марија, Сарабија, Нејмар, Кавани.

Отсутни: Силва, Дагба, Ерера, Муние, Верати.

Борусија: Бурки, Загаду, Хумелс, Пишчек, Хакими, Витсел, Џан, Гереиро, Брант, Санчо, Халанд.

Отсутни: Дилејни, Ројс.

Се вчитува...