Најавени тимови за ЛШ: Мане како „деветка“ на Баерн во Манчестер

Томас Тухел се соочува со проблем во напаѓачката линија на Баерн Минхен за денешното гостување против Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Чупо Мотинг се повреди минатата седмица и не е „фит“ за настап вечерва, па Тухел нема преголем избор и ќе мора да го префрли Садио Мане како централен напаѓач за овој тежок натпревар.

Сенегалецот играше на оваа позиција и одлично се снајде во вториот дел од ланската сезона во Ливерпул, но загрижувачки за Баерн е што Мане е далеку од топ-форма по повредата поради која не настапи на СП во Катар.

На спротивната страна, Гвардиола нема премногу проблеми, па се очекува Бернардо Силва да го заземе местото на повредениот Фоден, а задолжен за голови повторно ќе биде Ерлинг Халанд, кој постигна четири погодоци на својот последен меч во ЛШ, на домашен терен против Лајпциг.

Во вториот вечерашен натпревар Бенфика ќе го пречека Интер, дуел за кој домаќините ќе бидат без искусниот дефанзивец Отаменди, кој е суспендиран. На спротивната страна, кај „нероаѕурите“ поради повреди ќе отсуствуваат Шкринијар и Чалханоглу.

БЕНФИКА – ИНТЕР

БЕНФИКА: Влаходимос, Жилберто, Антонио Силва, Морато, Грималдо, Флорентино, Чикињо, Жоао Марио, Аурснес, Нерес, Рамос.

Отсутни: Отаменди, Бах, Гуедес, Дракслер.

ИНТЕР: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Брозовиќ, Димардо, Мхитаријан, Мартинез, Лукаку.

Отсутни: Шкринијар, Чалханоглу.

МАН. СИТИ – БАЕРН МИНХЕН

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Аканжи, Дијаз, Аке, Стоунс, Родри, Гундоган, Де Бруине, Силва, Грилиш, Халанд.

Отсутни: Фоден.

БАЕРН: Зомер, Павар, Дејвис, Де Лихт, Упамекано, Кимих, Горецка, Коман, Мусиала, Мане, Милер.

Отсутни: Нојер, Чупо Мотинг, Хернандез.

Се вчитува...