Најавени тимови за ЛШ: Мората се враќа за Челси, Баерн комплетен со Бешикташ

Алваро Мората ги надмина проблемите со повредата на грбот и ќе биде предводник на нападот на Челси на вечерашниот дуел со Барселона. Шпанскиот голгетер ги пропушти последните средби на „сините“, па иако Жиру на последниот дуел со Хал го постигна првиот гол за Челси, сепак Конте е решен да му даде шанса на Мората, а францускиот голгетер да го пресели на клупата за резерви. Стратегот на англискиот шампион не може да смета на Давид Луиз и Бакајоко, а единствената дилема е кој да му прави друштво на Азпиликуета во одбранбената линија, каде Конте ќе мора да избере двајца меѓу Рудигер, Кејхил и Кристијансен.

На спротивната страна, Барселона е речиси комплетна за вечерашниот меч на „Стемфорд бриџ“, па Валверде нема да може да смета единствено на суспендираниот Семедо, а право на настап нема ниту Кутињо, кој веќе играше за Ливерпул во ЛШ.

Јуп Хејнкес по подолга пауза ќе ги има на располагање сите расположливи офанзивни оружја во Баерн Минхен, па Бешикташ мора многу да внимава во дефанзива за да не доживее катастрофа на „Алијанц арена“. Тренерот на Баерн не може да смета единствено на голманот Нојер, кој е повреден подолго време, но затоа во нападот меѓу стартните единаесетмина се најавени Робен, Хамес Родригез, Милер и Левандовски.

ЧЕЛСИ – БАРСЕЛОНА

ЧЕЛСИ: Куртоа, Азпиликуета, Кристенсен, Кејхил, Мозес, Алонсо, Канте, Фабрегас, Педро, Азар, Мората.

Отсутни: Бакајоко, Давид Луиз, Баркли.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Алба, Пике, Умтити, Бускетс, Паулињо, Ракитиќ, Иниеста, Меси, Суарез.

Отсутни: Кутињо, Семедо.

БАЕРН МИНХЕН – БЕШИКТАШ

БАЕРН: Улрих, Кимих, Алаба, Хумелс, Боатенг, Видал, Мартинез, Робен, Хамес, Милер, Левандовски.

Отсутни: Нојер.

БЕШИКТАШ: Фабри, Ѓонул, Пепе, Вида, Адријано, Хачинсон, Медел, Талиска, Кварезма, Бабел, Вагнер Лав.

Отсутни: Торе, Тошиќ, Кавлак, Атинц.

Се вчитува...