Најавени тимови за ЛШ: Наполи стравува од Меси, Челси мора без Канте

Наполи ќе мора да најде начин да го неутрализира Лионел Меси, а задачата на Џенаро Гатузо е уште потешка ако се знае дека Кулибали нема да може да настапи на вечерашниот натпревар со каталонскиот гигант. Елиф Елмас ќе се пресели на клупата за резерви, но Македонецот речиси сигурно ќе добие шанса во второто полувреме од овој супер-значаен натпревар за „наполитанците“.

Со проблеми се соочува и Кике Сетиен, стартните бекови Алба и Роберто се повредени, а во недостиг на напаѓачи по повредите на Суарез и Дембеле, шанса меѓу стартните единаесетмине повторно ќе добие младиот Ансу Фати.

Баерн е единствениот тим што имаше максимален ефект во групната фаза, а баварскиот гигант ќе се обиде во ист стил да продолжи и на вечерашното гостување во Лондон против Челси. Дел од повредените фудбалери му се вратија на располагање на гостинскиот стратег, додека главен проблем за Френк Лампард е отсуството на Нголо Канте. Добра вест за „сините“ е што Абрахам се опорави од повредата, па се очекува англискиот напаѓач да добие предност пред Жиру.

ЧЕЛСИ – БАЕРН М.

Челси: Кабалјеро, Азпиликуета, Кристенсен, Рудигер, Џејмс, Алонсо, Жоргињо, Ковачиќ, Маунт, Вилијан, Абрахам.

Отсутни: Канте, Пулишиќ, Хадсон Одои.

Баерн: Нојер, Павар, Боатенг, Алаба, Дејвис, Кимих, Тијаго, Милер, Коман, Гнабри, Левандовски.

Отсутни: Мартинез, Перишиќ, Суле.

НАПОЛИ – БАРСЕЛОНА

Наполи: Мерет, Ди Лоренцо, Марио Руи, Манолас, Максимовиќ, Деме, Руиз, Зиелински, Калјехон, Инсиње, Милик.

Отсутни: Кулибали, Љоренте.

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Жуниор, Ленгле, Пике, Ракитиќ, Бускетс, Де Јонг, Меси, Фати, Гризман.

Отсутни: Суарез, Алба, Дембеле, Роберто.

Се вчитува...