Најавени тимови за ЛШ: Роналдо против „омилените пациенти“

Кристијано Роналдо се враќа во Мадрид, но како гостин на Атлетико во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Португалецот во својата кариера како член на Реал постигна 22 гола против градскиот ривал, па јасно е зошто Диего Симеоне најмногу стравува токму од Кристијано во пресрет на вечерашната пресметка. Јуве ќе тргне офанзивно, Алегри на вчерашната прес-конференција објави дека и Дибала ќе биде стартер заедно со Манџукиќ, а на спротивната страна покрај Гризман опасноста по голот на Шчешни ќе доаѓаод екс-фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората.

Манчестер Сити е голем фаворит на гостувањето против Шалке, дуел на кој Гвардиола ќе го врати најдобриот тим на теренот откако настапи со комбиниран состав во ФА Купот против Њупорт. Агуеро ќе биде предводник на нападот на „граѓаните“ во Гелзенкирхен, помогнат од Сане и од Стерлинг, во обид сите дилеми околу пласманот во четврт-финалето да се решат уште по првите 90 минути игра од овој двомеч.

ШАЛКЕ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

ШАЛКЕ: Нубел, Калигури, Сане, Настасиќ, Оцзипка, Мекени, Бенталеб, Матондо, Ут, Бургшталер, Конопљанка.

Отсутни: Емболо, Маскарел, Шопф.

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Отаменди, Лапорт, Данило, Де Бруине, Фернандињо, Бернардо Силва, Сане, Стерлинг, Агуеро.

Отсутни: Менди, Браво, Хесус, Стоунс. Неизвесен: Компани.

АТЛЕТИКО М. – ЈУВЕНТУС

АТЛЕТИКО: Облак, Аријас, Хименез, Годин, Филипе Луис, Саул Нигез, Коке, Родри, Лемар, Мората, Гризман.

Отсутни: Ернандез.

ЈУВЕНТУС: Шчешни, Де Шилјо, Бонучи, Кјелини, Алекс Сандро, Бентанкур, Пјаниќ, Матуиди, Дибала, Манџукиќ, Роналдо.

Отсутни: Кедира, Даглас Коста.

Се вчитува...