Најавени тимови за ЛШ: Тотенхем без напаѓачи, Лајпциг без клучниот дефанзивец

Аталанта е единствениот тим што нема никакви проблеми со составот во пресрет на денешните осминафинални дуели од Лигата на шампионите. Повредените играчи неодамна му се вратија на располагање на тренерот Гасперини, кој денеска ќе ги има сите на располагање, во обид на „Сан Сиро“ во Милано да стигне до што подобар резултат пред реваншот во Валенсија.

На спротивната страна, гостите допатуваа преполовени на Апенинскиот полуостров, без двајцата главни дефанзивци Габриел и Гарај, без најдобриот стрелец Родриго, а тренерот Селадес нема да може да смета ниту на Пичини, Кокелан и Валјехо.

Жозе Мурињо има главоболки околу нападот на Тотенхем откако по Хари Кејн незгодна повреда заработи и Сон. Поради ова, Бразилецот Моура ќе мора да игра како најистурен во нападот, помогнат од зимското засилување Бергвајн и од Деле Али.

Во таборот на Лајпциг вечерва во Лондон ќе недостига главниот дефанзивец Упамекано, играч за кого се интересираат Баерн Минхен, Арсенал и Челси.

АТАЛАНТА – ВАЛЕНСИЈА

Аталанта: Голини, Толои, Паломино, Џимсити, Хатебоер, Де Рон, Фреулер, Госенс, Гомез, Иличиќ, Запата.

Отсутни: /

Валенсија: Доменеш, Гаја, Вас, Мангала, Диакаби, Кокелан, Парехо, Феран, Солер, Макси Гомез, Гуедеш.

Отсутни: Гарај, Родриго, Пичини, Валјехо, Ли, Кокелан, Габриел.

ТОТЕНХЕМ – ЛАЈПЦИГ

Тотенхем: Љорис, Орие, Санчез, Алдерверелд, Танганга, Винкс, Ндомбеле, Ло Целсо, Али, Бергвајн, Лукаш Моура.

Отсутни: Сисоко, Сон, Кејн.

Лајпциг: Гулаши, Мукиеле, Клостерман, Халстенберг, Анџелињо, Лајмер, Хаидара, Форсберг, Сабицер, Вернер, Шик.

Отсутни: Адамс, Кампл, Конате, Орбан, Упамекано.

Се вчитува...