Најавени тимови за ЛШ: Ван Дајк се враќа за Ливерпул, Дембеле ја мачи Барса

Баерн Минхен ќе го пречека Ливерпул во реваншот на „Алијанц арена“ од кој се очекува да донесе многу поголеми возбудувања од првиот дуел што се одигра на „Енфилд“. Џошуа Кимих нема да може да настапи за Баерн на овој меч, исто како и Робен, Толисо и Милер, кои беа отсутни и на првата средба. Во однос на тој меч Ливерпул вечерва ќе биде посилен за Вирџил ван Дајк, а Клоп повторно ќе се „крсти“ во своето напаѓачко трио Фирмино – Мане – Салах, кое немаше свој ден на „Енфилд“.

Во вториот вечерашен натпревар Барселона ќе го пречека Лион. Каталонците ја имаат улогата на фаворити, но од друга страна Лион сезонава на гостински терен го совлада Манчестер Сити, покажувајќи дека одлично се снаоѓа кога противникот целосно ќе ја отвори својата игра. Дембеле се повреди во второто полувреме против Рајо и мечот ќе го стартува од клупата за резерви, што ќе значи нова шанса за Кутињо, конечно да почне да ги оправдува вложените пари во неговиот мегатрансфер од Ливерпул.

БАРСЕЛОНА – ЛИОН

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Алба, Пике, Ленгле, Бускетс, Артур, Ракитиќ, Кутињо, Меси, Суарез.

Отсутни: Рафиња, Фермален. Неизвесен: Дембеле.

ЛИОН: Лопез, Денајер, Марсело, Марсал, Дубоа, Тусар, Ндомбеле, Менди, Фекир, Дембеле, Депај.

Отсутни: Гуири. Неизвесен: Марсело.

БАЕРН М. – ЛИВЕРПУЛ

БАЕРН: Нојер, Рафиња, Хумелс, Суле, Алаба, Мартинез, Тијаго, Гнабри, Рибери, Горецка, Левандовски.

Отсутни: Кимих, Милер, Робен, Толисо.

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер – Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Мане, Фирмино, Салах.

Отсутни: Гомез, Кеита, Окслејд-Чембрлен.

Се вчитува...