Најбогатиот човек во Велика Британија го купува Челси

Најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф, останува заинтересиран за купување на Челси, но неговата цена е далеку помала од цената за која Роман Абрамович сака да го продаде клубот. Минатата година Сер Ретклиф понуди сума од 2,1 милијарда фунти, која Абрамовиќ веднаш ја одби бидејќи тој е дециден дека не го продава клубот за износ помал од 3 милијарди фунти.

Како предност на Ретклиф во трката за купување на Челси, се смета тоа што Абрамович поголемиот дел од сезоната не беше присутен на „Стемфорд бриџ“, откако имаше проблем да добие виза поради влошувањето на односите помеѓу Велика Британија и Русија.

Вредноста на богатството на Ретклиф изнесува 21 милијарда фунти. Тој неодамна го купи велосипедскиот тим Скај, кој на крајот на оваа година своето име ќе го промени во Инеос, гигантот за петрохемиска индустрија, кој е во негова сопственост, но би сакал во своето портфолио да го додаде и лондонскиот гигант.

Се вчитува...