НАЈЧИТАНО ВО 2018… Рече „СРАМОТА“ и замина – Моментот кога Столе го напушти „Изборот на спортист на Македонија“ (ВИДЕО)

НАЈЧИТАНО ВО 2018…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2018 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

Минатогодишниот добитник на наградата за „Најдобар спортист на Македонија“, Стојанче Стоилов синоќа демонстративно го напушти годинашниот избор организиран од Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови на Македонија, револтирано реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.

Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал…

Се вчитува...