НАЈЧИТАНО ВО 2019…. КОШАРКАРСКА БАЈКА – Паспаљ направи кош пред зграда, му се појави цела репрезентација (видео)

НАЈЧИТАНО ВО 2019…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2019 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

Зошто кошарката е спорт број 1 во Србија доказ е и последната случка поврзана со долгогодишниот југословенски репрезентативец Жарко Паспаљ. Тој реши да направи кош во заедничкиот простор пред зградата каде живее, па неколку месеци работеше за да го оспособи просторот.

Кога го стори тоа, Кошаркарската Федерација на Србија му подари нов кош за да биде поставен, но тоа не беше се… селекторот Ѓорѓевиќ и сите репрезентативци се појавија пред зградата на Паспаљ, доведувајќи го големиот ас на раб на солзи.

Туку – само за кошарката.

Се вчитува...