Најденов ново засилување за Академија Пандев

Актуелниот куп освојувач на Македонија, Академија Пандев се засили со искусниот македонски интернационалец Бојан Најденов. Најденов во „Пандевци“ доаѓа како слободен фудбалер.

„Бојан Најденов е најново засилување за Академија Пандев. Големо засилување за пролетниот дел од сезоната и дополнително искуство во средниот ред. На Бојан му посакуваме многу успеси и добри настапи во сино-белиот дрес“, стои во соопштението од клубот. 

Фудбалерот од средниот ред покрај за албанскиот Лачи, настапуваше и за иранскиот Естеглал и египетската Смуха, а во домашното првенство ги бранеше боите на Хоризонт Турново и Работнички.

Се вчитува...