Најџи Гарвин го засили Феникс 2010 (ФОТО)

Американскиот интернационалец Најџи Гарвин е третиот странец кој ќе ги брани боите на Феникс 2010 во новата сезона. Тој ја покрива центарската позиција и се очекува да биде голема помош за „виолетово-жолтите“ кои победнички ја започнаа новата сезона.

За Гарвин тоа ќе биде прво искуство во Европа откако во колеџ кариерата ги бранел боите на Универзитетите Шарлот, Николс Стејт и Хемптон. Во последната сезона во НЦАА првенството бележи просек од 15.2 поени, 6.5 скока и 1.2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...