Најдобрата кошаркарка на шампионот заминува во Албанија!

Дека женската кошаркарска лига вртоглаво ни паѓа секоја наредна година не е никаква тајна, а најдобар доказ за актуелната состојба е фактот дека најдобрата кошаркарка на шампионот Бадел, Александра Стојановска, се решава за чекор напред во својата кариера селејќи се во соседна Албанија.

Стојановска е најзаслужна за доминацијата на „баделки“ во последните неколку години во домашното првенство, оваа кошаркарка е и редовен член на македонската репрезентација, а за своја следна дестинација го избра тимот на Фљамуртари.

„Капитенот на нашата екипа Александра Санче Стојановска ќе ја продолжи кариерата во екипата на Фламуртари од Валона (Албанија). Целата екипа и стручиот штаб и посакуваат големи достигнувања и успешна интернационална кариера. Александра е дел од нашата екипа 12 години и е една од нашите најдобри кошаркарки, заслужна за голем дел од титулите освоени во клубот. Носител е на неколку МВП признанија и член на репрезентацијата на Македонија. Александра среќно“ – порачуваат од раководството на Бадел.

Се вчитува...