Анонимниот бразилски кошаркар Паулињо Борасини, стана интернет хит благодарение на неговиот кош за победа. Плејмејкерот на кошаркарскиот клуб Бауру од Сао Пауло, донесе победа за својата екипа со тројка во последната секунда над Серенсе, меѓутоа она што го прави кошот неверојатене начинот на кој Борасини го постигна.
Плејмејкерот се најде на линијата за слободни фрлања на само десетинки пред крајот на средбата, а резултатот беше во корист на ривалот, 90-87. Борасини го погоди првото слободно, но доколку го реализираше второто немаше да биде доволно ниту за продолженија.
Потоа одлучи намерно да го промаши вториот шут, но при тоа топката да се одбие право во него. Шансите да се случи ова се минимални, но на овој кошаркар му успеа, топката се одби од обрачот и стигна до него, а тој со звукот на сирената го постигна најзначајниот кош во неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА