Најдобри стрелци во историјата на ЛШ: Роналдо со голема предност пред Меси

Се е подготвено за стартот на сезоната во Лигата на шампионите, која ќе донесе нови бројни возбудувања во обидите на гигантите да го симнат Ливерпул од тронот на европскиот фудбал. Врвните голгетери вообичаено се максимално мотивирани на средбите од ЛШ, а новата сезона ќе донесе и нова трка за најдобар стрелец меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои вообичаено „царуваат“ на листите на стрелците во елитното европско натпреварување во последните деетина години.

Роналдо ќе влезе во новата сезона како најдобар стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите со 126 постигнати погодоци и удобна предност во однос на Меси, кој има постигнато 112 гола во ова натпреварување. Интересно е што Меси својот прв гол во ЛШ го постигна две години пред Роналдо (во 2005 против Панатинаикос, додека Кристијано стрелаше прецизно во 2007 година со Манчестер Јунајтед против Рома).

Зад Меси на оваа ранг-листа се наоѓа Раул Гонзалес со 71 гол, а од активните фудбалери тука се Карим Бензема со 60, Роберт Левандовски со 53, Златан Ибрахимовиќ со 48 погодоци…

Се вчитува...