Најдобриот стрелец во Првата лига во моментов со 16 гола, Мартин Мирчевски, во јануарскиот преоден рок би можел да се пресели во Турција. За него во моментов најзаинтересирана е екипата на Маниса која се натпреварува во втората по ранг лига во Турција.
Од клубот за медиумите во Турција истакнуваат дека работата е веќе завршена, и дека договорот ќе биде официјализиран во текот на следната недела.
Мирчевски има договор со Академија Пандев до крајот на сезоната, но Турците сакаат уште од сега да го купат. Според медиумите, за Мирчевски има интерес и од други клубови од оваа земја, но засега понудата на Маниса била најконкретна.
До Сега Мирчевски играше за Пелистер, Победа, Беласица, Трепча, Вардар и сега во Академија Пандев. Го сврте вниманието кон себе по одличните настапи особено оваа сезона во која во првиот дел постигна 16 гола, и практично е еден од заслужните што Академија Пандев се наоѓа на второто место на табелата. Маниса во моментов е на 12. место во втората по ранг лига во Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА