Последниот ден од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата по кој ќе бидат познати сите парови во разигрувањето за титула донесе голем интерес на јавноста во Соединетите американски држави каде се бара билет повеќе за проследување на средбите во живо.
А, таа чест ќе ја има претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија и воедно единствениот Македонец кој настапил во најсилното кошаркарско првенство, Перо Антиќ кој е во работна посета во неколку НБА тимови, пред се неговата Атланта.
Антиќ денеска ќе ја следи битката за првата позиција на табелата во Западната конференција помеѓу Мемфис и Денвер каде имаше и блиска средба со актуелнит МВП на финалната серија, Никола Јокиќ.
Македонецот сподели фотографија на социјалните мрежи со центарот на Денвер.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА