Најдобриот резервист во НБА лигата потпиша четиригодишен договор вреден 130 милиони долари

Тајлер Хиро, најдобриот резервист во НБА лигата, се согласи на нов договор со екипата на Мајами Хит. Просекот од 20,7 поени по натпревар во изминатата сезона му донесе нова четиригодишна соработка.

Во следниот мандат, младиот шутер ќе инкасира неверојатни 130 милиони евра. 22-годишникот беше еден од двата резервисти кои ланската сезона ја завршија со над 1.000 поени.

Неговата приказна започна во „балонот“ за време на пандемијата, кога заедно со тимот од Флорида обезбеди пласман во големото финале. Хиро беше драфтуван во 2019 година и во „руки“ сезоната се најде во вториот најдобар тим во лигата.

Се вчитува...