Најдобрите останаа во Битола: Е. Пелистер ослабен на последниот меч во ЛШ

Македонскиот првак Е. Пелистер ќе биде значително ослабен за денешниот дуел од Лигата на Шампионите против Колстад откако најдобрите ракометари на „пелистерци“ воопшто не отпатуваа со тимот за Норвешка.

Капитенот Филип Кузмановски не се најде на списокот на патници за Колстад исто како и македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, потоа десниот бек Нејт Цехте, новото засилување Дејан Манасков, потоа десното крило Радивојевиќ…

„Пелистерци“ немаат освоено ниту еден бод во досегашниот дел од ЛШ и јасна е намерата на тренерот Ангеловски да ги сочува клучните ракометари за најважните битки што претстојат во следните месеци, за одбрана на двојната круна во македонскиот ракомет.

Што се однесува до денешниот дуел во Норвешка, за очекување е поголема минутажа да добијат македонските ракометари кои поголемиот дел натпреварите од ЛШ ги следеа од клупата за резерви или од трибините.

Се вчитува...