Најдолгата сезона во НБА лигата – Коби, Covid-19, „Последниот танц“, „балон“, „Black lives matter“ Леброн, ЛА Лејкерс… (ВИДЕО)

Заврши најдолгата сезона во историјата на НБА лигата која траше скоро една година. ЛА Лејкерс ја освоија 17. титула со што се израмнија на врвот на вечната листа со големиот ривал Бостон Селтикс. Сезоната во НБА ни донесе буквално се. Преку голем број трејдови и промена на тимовите на најдобрите кошаркари, преку смртта на Дејвид Штерн и Коби Брајант, прекинот поради пандемијата од коронавирусот, документарниот филм „Последниот танц“, „балонот“ во Орландо, движењето „Black lives matter“ и борбата за социјална еднаквост, па се до освојувањето на трофејот на ЛА Лејкерс.

НБА уште еднаш покажа дека е најдобрата спортска организација во светот. Во време на светска пандемија успеа без ниту еден заразен да го заврши шампионатот и да успее на терен да го прогласи шампионот. Во следното видео погледнете ги најинтересните моменти сезонава во најсилното кошаркарско првенство во светот.

 

 

Се вчитува...