Досегашниот фудбалер на Вардар, Филип Најдовски и официјално со потпишан договор со албанскиот суперлигаш Тирана.
Најдовски со албанскиот тим потпиша двегодишен договор за првпат стартувајќи со интернационална кариера.
27-годишниот фудбалер од средниот ред, покрај за Вардар, претходно во својата кариера има настапувано за Цементарница 55, Тетекс, Напредок и прилепска Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА