Најголем дневен раст на заразени со Ковид-19 во олимпиското село, двајца во болница

Организаторите на Олимписките игри во Токио објавија податок за 24 нови случаи заразени со коронавирусот, што е најголем дневен раст откако почнаа да објавуваат информации за олимпиското село од 1. јули.

Меѓу 24 нови случаи тројца се неименувани спортисти. До сега инфекцијата е потврдена кај 20 спортисти учесници на ЛОИ, а две лица од странство кои се дел од олимписките тимови се хоспитализирани. Третото хоспитализирано лице веќе е отпуштено. Вкупниот број позитивни случаи од 1. јули до сега е 193, информираат организаторите на ЛОИ 2020.

Досега на Игрите се направени 310.000 тестови за коронавирус.

Се вчитува...