Најголемиот добитник од депортацијата на Ѓоковиќ – Требаше да загуби од Ноле, а сега е во трето коло на АО

Новак Ѓоковиќ не може да ја брани титулата на Австралија опен, откако поради тоа што не е вакциниран владата на земјата во која се одржува првиот гранд-слем турнир во сезоната одлучи да го депортира.

На крајот најголем добитник од целата ситуација излезе сонародникот на првиот рекет на светот Миомир Кецмановиќ. 22-годишникот во првото коло требаше да се сретне токму со Ѓоковиќ, но по неговата депортација, местот на првиот рекет во светот го зазема „среќниот губитник“ Салваторе Карузо.

Кецмановиќ рутински со 3-0 го доби тој меч, а утрово и во второто коло со ист резултат славеше над Американецот, Тими Пол и со тоа успеа да го направи својот најдобар резултат на турнирот во Мелбурн.

Се вчитува...