Кога Еден Азар доаѓаше во Реал Мадрид во 2019 година за 115 милиони евра, требаше да биде големо засилување за „кралевите“ и замена за Кристијано Роналдо. Меѓутоа Белгиецот не е ниту бледа сенка на она што го играше во Челси во претходните години.
И покрај тоа што си зема голема плата без некоја поголема „работа“, Еден Азар и дефинитивно е прогласен за најголемо трансфер промашување на „кралевите“. Во минатото се менувале многу играчи, но ниту еден од нив не бил како Азар, кој верувале или не, во изминатите четири години нема одиграно ниту една минута на едно „Ел Класико“.
Азар ниту вчера не играше на дуелот со Барса на „Ноу Камп“, односно остана на клупата за резерви целиот натпревар. А, со оглед на несогласувањата кои ги има со Анчелоти, нема да биде изненадување доколку на крајот од сезоната замине од таборот на „кралевите“, па така може да се случи најскапиот играч во историјата да си оди како „лузер“, односно како играч кој нема одиграно ниту едно дерби со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА