Најголемиот трансфер во историјата на Челси: Договорено доаѓањето на Хаверц

Челси е на само чекор до официјална промоција на фудбалерот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц како најголем свој трансфер во историјата.

Извонредниот 21-годишен фудбалер од средниот ред отворено искажа желба за трансфер во Челси во чии редови се веќе неговите репрезентативни колеги, Антонио Рудигер и Тимо Вернер. Како што пренесува „Гардијан“, Челси и Баер денеска официјално ја договориле отштетата за Хаверц. Леверкузен на почетокот бараше 110 милиони евра, но по меѓусебните преговори сега договорено е Хаверц за 90 милиони евра да се пресели во Лондон.

Доаѓањето на Хаверц е најголемата трансфер желба на Френк Лампард. Трансферот ќе биде најголемиот во историјата на клубот. Досегашниот рекорден трансфер е оној на шпанскиот голман Кепа Аризабалага кој во 2018 година за 80 милиони евра пристигна од Атлетик Билбао.

Се вчитува...