Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач на Јувентус оваа сезона е топ тема во фудбалска Италија. Тој често се наоѓа на мета на критичарите поради незадоволителните настапи, но и лошото однесување на, и надвор од теренот.
Едни од они кои не ги штедат зборовите говорејќи за него се легендите на Јувентус, Паоло ди Канио и Алесандро дел Пјеро, кои за разлика од минатото овој пат застанаа во негова одбрана коментирајќи го натпреварот против ПСВ во Лигата на Шампионите.
Србинот по пристигнувањето на Коло Муани во Торино го загуби местото во почетниот тим па често добива шанса од клупата. Ист беше случајот и на средбата против Холанѓаните кога доби шанса во 77. минута.
„Право на тренерот е да му даде преднсота на Коло Муани бидејќи ако го купи, мора да игра. Сепак како играч на Фиорентина имаше голема вредност, а денеска е само сенка од тоа. Се во Јувентус вреди двојно. Можеби единствено нешто што не вреди двојно се неговите голови, бидејќи постигнувањето на нив е обврска. Во се останато, секоја ситуација во која ќе се појави добива внимание, а чувството на шансите и партиите на Французинот сугерираат дека формата на Србинот е во пад. Се надеваме на најдоброто, но тој сега мроа да направи нешто“, изјави Дел Пјеро по што следеше одговор на Ди Канио.
„Не е тој виновен. Во неволја е, но тој не виновен. Игра седум или осум минути, а само во еден натпревар доби повеќе време на теренот. Мора да ја намали гордоста, но ова е најлошиот начин да се справите со тоа. Против Комо сите добија шанса освен тој, кога беше потребно да се победи“, изјави Ди Канио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА