Најголемото промашување во кариерата на Левандовски (видео)

Роберт Левандовски на гостувањето против Фрајбург го израмни рекордот на Герд Милер со 40 постигнати погодоци во Бундес-лигата, но полскиот ас во 78. минута пропушти идеална шанса за да го урне ова остварување на легендата на германскиот фудбал.

Резултатот беше 2-2, а Коман одлично ја спушти топката до Левандовски, кој од еден метар требаше само да ја смести во мрежата. Полјакот се посрамоти, погодувајќи го само дирекот, по што топката се одби во рацете на домашниот голман.

Ова дефинитивно е најголемото промашување во кариерата на извонредниот стрелец.

Се вчитува...