„Најк“ и официјално го раскина договорот со Гринвуд

„Најк“ и дефинитивно стави крај на своето партнерство со Мејсон Гринвуд, потврди компанијата за спортска опрема. „Најк“ се откажа од Гринвуд откако беше уапсен со обвинение за силување и физички напад минатата недела.

20-годишниот фудбалер беше ослободен од притвор со кауција, но истрагата против него продолжува. Манчестер Јунајтед го суспендираше од тимот и ја повлече спортската опрема со негово име од спортските продавници.

Американската компанија за производство на спортска опрема со ваквиот потег го осуди срамниот чин на Гринвуд, а воедно и упати порака дека не го поддржува насилството од страна на спортистите, па секој следен ваков настан ќе биде финиширан со прекин за меѓусебната соработка.

Се вчитува...