„Најки“ го избра наследникот на Мбапе, тоа е француски репрезентативец

Производителот на спортска опрема, „Најки“, се чини дека ја пронајде новата ѕвезда која ќе биде заштитно лице во светот на фудбалот по заминувањето на Килијан Мбапе и тоа е негов соиграч од француската репрезентација.

Според специјализираната интернет страница „Фути хедлајнс“, ново заштитно лице на „Најки“ меѓу фудбалерите ќе биде ѕвездата на Баерн Минхен, Михаел Олисе.

Засега не се познати деталите од новиот договор на Олисе со „Најки“, но нема дилеми дека станува збор за мултимилионски договор.

Интересно е што Олисе досега беше еден од ретките врвни фудбалери кои немаа потпишано официјален договор со некој производител на спортска опрема, иако на натпреварите најчесто носи копачки на „Најки“ и тоа моделот „Најки Хипервеном Фантом 3“.

Килијан Мбапе, неодамна потпиша за швајцарскиот производител на спортска опрема „Он“.

Се вчитува...