Најконтроверзната фудбалска личност на Балканот не мирува: Мамиќ купува клуб од српската Суперлига!?

Најконтроверзната фудбалска личност на Балканот, Здравко Мамиќ не мирува. Долгогодишниот прв човек на Динамо Загреб, а актуелен хрватски бегалец, е блиску до преземање на српскиот суперлигаш ТСЦ од Бачка Топола.

ТСЦ имаше одличен настап на европската сцена изминатово лето што го привлекло вниманието на Мамиќ кој вели дека сака да работи во Србија.

„Немам никаква причина утре да не работам во Црвена Звезда или Партизан бидејќи за мене тоа се институции. Тоа сигурно би било вистинска привилегија за мене… Но, претходно размислувам и за малку поинаков влез во српскиот фудбал“ – изјави неодамна Мамиќ откривајќи дека на оваа тема разговарал и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Се сретнав со Вучиќ на кратко во Мостар минатата година и се поздравивме. Ми честиташе на успесите со Динамо и ме праша: Кога ќе дојдеш во мојата Црвена Звезда?“ – истакна Мамиќ.

Се вчитува...