Најкорисен играч на Купот на Македонија – Амир Смит од ТФТ

ТФТ стигна до првиот трофеј во својата историја откако во финалето од Купот на Македонија кој од претходната сезона го носи називот на легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур славеше над МЗТ Скопје со 80-66.

Признанието за најкорисен играч на турнирот му припадна на Амир Смит, Американецот од „црно-белите“ редови кој финалнот меч го заврши со дабл-дабл учинок од 12 поени и 17 скока од кои шест во нападот.

Центарот на клубот од Тафталиџе беше одличен во текот на целиот турнир. Четвртфиналниот натпревар против Пелистер го заврши со дабл-дабл од 15 поени и 10 скока, додека во полуфиналето на 13. поени додаде и 8 скока.

Со тоа Смит влезе во елитно друштво во мак-баскетот како петти странец кој стигнал до ова признание. Покрај него тоа го освојуваа и Карлос Морбан во финалето во 2007 година, Марко Луковиќ во 2016 година, Доминик Мавра година подоцна и Чавдар Костов во 2019 година.

Се вчитува...