Керик: Рашфорд е наш, се радувам на неговото враќање

Речиси неочекувано, Манчестер јунајтед ова лето го доби назад Маркус Рашфорд како засилување. Тренерот Мајкл Керик го изрази своето задоволство од ваквиот расплет.

Англискиот репрезентативец имаше солидна прошла сезона во Барселона. Се очекуваше шпанскиот шампион да го откупи неговиот договор, но тоа не се случи и тој мораше да се врати на „Олд трафорд“.

Сепак, ситуацијата во матичниот клуб драстично се промени од моментот кога тој замина. Тој беше практично „избркан“ од Рубен Аморим, кој веќе не е тренер. Сега тука е Мајкл Керик, кој изгледа подготвен да му даде шанса на еден од најталентираните производи на славната школа на „црвените ѓаволи“.

„Рашфорд е наш и неговото враќање е одлична работа. Го познавам долго време и тој може да ни понуди нешто малку поинакво. Со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната“, изјави Керик.

Се вчитува...