Реноминираниот шпански „Ас“ направи листа на единаесетте најлоши фудбалери во историјата на Реал Мадрид. На голот на овој тим се наоѓа Албано Бизари, кој во тимот дојде во 1999 година. Во тој момент екслодираше Икер Касилјас, а Аргентинецот за тимот забележа само седум настапи. Во одбраната на бековските позициии се најдоа Уругваецот Диого кој стигна во последната година од првиот мандат на Флорентино Перез, и Португалецот Фабио Коентрао кој исто така беше доведен како големо засилување, но не успеа да се избори за место во првиот тим.
Како централни дефанзивци во овој тим се најдоа Предраг Спасиќ и Џонатан Вудгејт. Спасиќ во Реал Мадрид беше само една сезона (1990/1991) во која забележа 22 настапи, додека Вудгејт го носеше кралскиот дрес од 2004 до 2007, но забележа само скромни седум настапи.
Во средината како прв е Данецот Гравесен кој стигна од Евертон. Одигра 40 натпревари, но очигледно беше дека нема фудбалски квалитет за Реал Мадрид. Пабло Гарсија е уште еден човек на кој ретко некој ќе се сети. Уште еден Уругваец кој не се пронајде во Реал, а потоа играше и за Селта Виго и Мурсија. Жулијан Фобер ниту самиот не му е јасно како стана дел од Реал Мадрид. Забележа само два настапи и тоа беше се од него на „Сантијаго Бернабеу“.
Напаѓачката линија ја почнуваме со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Елвир Бајиќ кој одигра само 11 мечеви. Друштво му прават Ројсон Дренте кој беше најавуван како новиот Руд Гулит, а на крајот излезе само едно големо промашување. Како последен од тимот е Антонио Касано кој поради работите кои што сакаше да ги прави надвор од терените никогаш не го достигна зенитот од кариерата која на почетокот ветуваше многу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА