Најмангупскиот пенал во историјата на фудбалот е дело на фудбалер од втората хрватска лига (ВИДЕО)

Интересна ситуација ни доаѓа од втората фудбалска лига на Хрватска. На мечот меѓу Кроација и Цибалија фудбалерот на домашниот тим Томислав Мркоњиќ го изведе веројатно најмангупскиот пенал во историјата на фудбалот.

При негатива на неговиот тим од 0-1 беше досуден пенал кој на неверојатен начин го реализираше Мркоњиќ. Имено тој цело време глумеше како ги врзува копачките, а во меѓувреме шутна и реализираше за 1-1.

Одлично изведениот пенал погледнете го на временскиот исечок 1:57.48…

Се вчитува...