Најмилите беа фортуна за селекторот: Лука, Луна и Леа во татковата прегратка

Македонија ја оствари првата победа во новиот квалификациски циклус, а селекторот Игор Ангеловски имаше посебни мигови за радост и пред самиот натпревар со Летонија. Неговите деца беа дел од придружбата на фудбалерите при изведувањето на химните, а потоа сите се стрчаа во татковата прегратка.

Леа беше во придружба на Горан Пандев, Лука со Стефан Ристовски, а Луна со Езгјан Алиоски. Му донесоа среќа на Игор Ангеловски и на целата фудбалска репрезентација.

Се вчитува...