Најмоќните фудбалски агенти влегуваат во војна со ФИФА

Во Цирих беше одржан состанок меѓу 120 најмоќни фудбалски агенти во светот кои разговараа околу обидот ФИФА да ја укине провизијата која клубовите им ја плаќаат на менаџерите. Тие беа предводени од Жорже Мендеш, Мино Рајола и Џонатан Барнет. Состанокот имаше само една цел, како да се состави жалба на одлуката на ФИФА со која се планира стриктно да се регулира заработката на менаџерите.

„ФИФА донесе одлука која практично ќе ја укина работата на половина фудбалски агенти во светот. И што е најлошо не повика ниту еден од нас на консултации кога ја носеше таа одлука“, изјави Мајк Милер, претседателот на здружението на менаџери. 

Намерата на ФИФА е таа да се обиде да го спречи тоа што голем дел од менаџерите земаа провизија и од фудбалерите, но и од клубовите.

Се вчитува...