Најплатени кошаркари во НБА – Леброн не е во Топ 5

Се приближува почетокот од новата сезона во НБА-лигата, а американските медиуми ја објавија листата од најплатени кошаркари според актуелните договори што ги имаат за сезоната 2020/21. Интересно, меѓу петмината најплатени асови во НБА ниту еден не е член на шампионот ЛА Лејкерс.

На прво место се наоѓа Стеф Кари, кој ја пропушти целата ланска сезона поради повреда, но извонредниот шутер во следниот шампионат според договорот со Голден Стејт ќе заработи над 43 милиони долари. На делба на второто место се Крис Пол и Расел Вестбрук, кои имаат максимални договори од 41.358.814 долари. Следи Џејмс Харден со 100.000 долари помала плата од овој тандем, а исто колку и Харден ќе заработи неговиот нов соиграч во Хјустон, Џон Вол.

Леброн Џејмс е само на шестата позиција со плата од 39.219.566 долари за новата сезона. Јанис Адетокумбо, кој се уште не потпишува нов договор со Милвоки, моментно се наоѓа на 37. место со плата од „само“ 27.528.088 долари. Пред него е Никола Јокиќ, кој во Денвер во новата сезона ќе заработи 29.542.010 долари.

Се вчитува...