Најплатените играчи во историјата на НБА: Џордан се уште пред сите!

Пандемијата на коронавирус значително ги намали платите на НБА играчите кои и понатаму имаат одлични примања благодарение на продажбата на ТВ-правата. Според листата на најплатени кошаркари, легендарниот Мајкл Џордан и понатаму е убедливо прв.

Висината на платите на играчите е одредена од состојбата во глобалниот бизнис на НБА, која и понатаму е доста здрава и покрај загубите предизвикани од пандемијата, отсуството на публика од трибините и трошоците за организирање „балони“ за плејофот минатата сезона.

Стефан Кари го продолжи договорот со Вориорс за четири години и договори плата од 215 милиони долари. Крис Пол останува кај Санс за 120 милиони, а Трај Јанг во Хокс за 207 милиони. Со продолжување на партнерството со Маверикс, Лука Дончиќ ќе добие над 200 милиони за пет години, додека Кави Леонард ќе остане во Клиперс за 176,3 милиони во следните пет години.

Доколку се направи листа на најплатени играчи во историјата на НБА по сезона, легендарниот Мајкл Џордан сепак би бил пред сите. Во последната сезона како член на Чикаго Булс, Џордан заработи 33,1 милиони долари што е еднакво на денешните 55,2 милиони долари доколку се земе предвид инфлацијата на парите и трошоците за живот.

Тогаш Булс потроши 61,3 милиони долари за плати, а самиот Мајкл заработи повеќе од остатокот на тимот и беше платен седум пати повеќе од другите најголеми ѕвезди. Тони Кукоч, Рон Харбер и Денис Родман во тој период заработија по 4,5 милиони долари.

Ако платата на Џордан се спореди со денешната исплата на плати, легендарниот кошаркар би бил на врвот на листата со 55,2 милиони, пред Кари (45,8), Џејмс Харден (Нетс / 44,3), Џон Вол (Рокетс / 44,3), Расел Вестбрук (ЛА Лејкерс / 44.2).

Се вчитува...