Најплатените кошаркари во НБА: Леброн не е во Топ 5, го нема Дончиќ меѓу десетте најдобри

Во пресрет на стартот на новата сезона во НБА-лигата, објавена е листата од десет кошаркари кои најмногу ќе заработат во новиот шампионат од најсилната лиа во светот. Она што е интересно е дека меѓу петте најдобри го нема Леброн Џејмс, а во Топ 10 најплатени играчи во новата сезона не се наоѓа ниту Лука Дончиќ.

На врвот на оваа ранг-листа се наоѓа Стеф Кари, кој ќе заработи 45.780.366 долари. Неговата плата уште повеќе ќе расте во наредните сезони, како што е наведено во договорот вреден вкупни 215 милиони долари. На второ и трето место се наоѓаат Џејмс Харден со Бруклин и Џон Вoл од Хјустон, двајцата со идентична плата од 44.310.840 долари.

Веднаш зад нив се наоѓа Расел Вестбрук, кој летово потпиша двогодишен договор со ЛА Лејкерс. Рекордерот по трипл-дабл натпревари сезонава ќе заработи 44.211.146 долари, а во 2022/23 неговата плата ќе порасне за уште три милиони долари. Топ5 листата ќе ја комплетира Кевин Дурант, кој годинава ќе добие 42.018.900 долари. Тој има договор со Бруклин до 2026 година, според кој Дурант во последната сезона ќе заработи огромни 55 милиони долари.

Леброн Џејмс е шести на оваа ранг-листа, „кралот“ на 37-годишна возраст ќе заработи 41.180.544 долари, а зад него се наоѓаат Адетокумбо, Лилард, Џорџ и Клеј Томпсон, кој ќе заработи 37.980.720 долари иако веќе две години не може да се врати на терен поради низата тешки повреди.

Се вчитува...