Репрезентацијата на Фарски Острови ја приреди една од најголемите сензации во историјата на ракометот ремизирајќи 26-26 во пресметката со големата ракометна сила Норвешка на Европското првенство 2024.
Фарските острови досега се „најромантичната“ приказна од ЕП 2024 најпрво со фактот дека во Германија се следени од дури 5.000 свои навивачи, што е 10% од вкупниот број жители на земјата, а сега и со вистинската сензација против Норвешка.
А, за да приказната од синоќешното реми со Норвешка биде уште повозбудливи се погрижија самите ракометари на Фарските острови кои до бодот дојдоа со три гола во последните 100 секунди.
𝑨 𝒏𝒊𝒈𝒉𝒕 𝒕𝒐 𝒓𝒆𝒎𝒆𝒎𝒃𝒆𝒓 🥰🇫🇴#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/ZAKLrtxlpo
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2024
Норвежаните имаа и три гола предност, но следеше вистинското херојство на противникот. На 23 секунди пред крајот на мечот Рои Берг Хансен погоди за 25-26. Норвежаните го имаа последниот напад, но Елијас Елефсен на три секунди пред крајот изнуди седмерец и го реализираше за огромна радост на тимот но и на целата земја…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА