Фудбалерите на Холандија и Јапонија го играат најслабото прво полувреме на Светското првенство, откако по 45 минути е без голови 0-0 на „Џери ворлд“ во Далас како дел од меч од 1. коло од Ф групата на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
А, се почна добро. Холандија ја имаше првата шанса по само три минути игра кога Мален убаво биеше, но неговиот удар го одбрани голманот на Јапонците Зајон Сузуки. Јапонците за првпат се заканија кон голот на Холанѓаните дури во 44. минута кога Накамура биеше покрај голот на Вербруген.
Netherlands 0-0 Japan – Zion Suzuki save 3'
byu/Ryponagar insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
