Најстариот менаџер во Англија ќе го води Ватфорд

После серијата на лоѓи резултати, Ватфорд се одлучи да го смени Клаудио Раниери, но веќе е на пат да добие нов менаџер. Изненадување или не, играчите веќе биле информирани дека нивен нов тренер ќе биде Рој Хоџсон.

Хоџсон има 74 години, и се веруваше дека Кристал Палас ќе биде неговиот последен клуб, меѓутоа сега се враќа во фудбалот.

Хоџсон во минатото ја градеше кариерата во Скандинавија, стигна и до клупата на Интер, беше селектор на Финска, но и на Емиратите и Англија, пред десетина години го водеше Ливерпул, а Ватфорд ќе биде негов 17-ти клуб во кариерата.

Тој го држи рекордот за најстар менаџер во Премиер-лигата. Пред две години го надмина и Сер Боби Робсон и Сер Алекс Фергусон.

Се вчитува...