Најубав гол на Мундијалот е на Ричарлисон со „ножички“ против Србија

Голот на бразилскиот фудбалер Ричарлисон против Србија во 1. коло од групната фаза во Мундијалот во Катар, е прогласен за најубав гол на Светското првенство во Катар.

Голот на бразилскиот голгетер победи во конкуренција на Нејмар и на Мбапе. На тој натпревар голгетерот на Бразил постигна два гола, а во прашање е вториот гол кога одлично ја зафати топката со ножички и стави точка на победата на „кариоките“ кои стигнаа само до 1/4 финалето.

Се вчитува...