Наковски: Против Азербејџан ќе мора да го подобриме приемот

Вториот од трите турнири во годинашата Европска златна лига е значаен за македонските одбојкари во подготовката за квалификациите за ЕП.

Во Беверен, Белгија нашите одбојкари ќе се сренат прво против Азербејџан, а в против домаќинот и голем фаворит Белгија. Селекторот на репрезентацијата Хари Наковски вели дека мора да го подобрат приемот кој не беше на ниво на првите два меча против Чешка и Естонија во Струмица.

„Треба да го подобриме приемот. Работевме на тоа по натпреварите со Естонија и со Чешка, така што мислам дека ќе овозможиме полесен наш напад и игра којашто ќе ни овозможи да се радуваме против Азербејџан“ вели селекторот Хари Наковски.

Азербејџан двапати играше во Европската лига. Во единствената во 2014кога ние бевме трети, тие ги загубија сите 8 натпревари. Во 2019 во Сребрената лига кога имаа биланс 2-4, двапати победија против Грузија, нашиот противник на патот кон ЕП 2026. Минатиот викенд беа поразени од Романија и од Украина, што значи дека вкупниот биланс им е 2-14 во Европската лига.

Се вчитува...