Намалена казната за црвениот картон на Елмас

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас ќе биде казнет само на еден натпревар поради црвениот картон што го доби против Умрениеспор во Купот на Турција. Уважена е жалбата што ја испрати Фенербахче до Фудбалската федерација на Турција, и казната од два меча неиграње е намалена на еден натпревар суспензија.

Елмас нема да биде дел од составот на Фенербахче на денешниот реванш меч од Купот, но затоа ќе може да настапи на следниот првенствен натпревар против Малатијаспор во понеделник.

Се вчитува...