Намалени плати за играчите на Барселона и на Реал Мадрид во следната сезона

Барселона и Реал Мадрид планираат да има намалување на платите на играчите од 30 проценти за следната сезона. Ова е последица на кризата предизвикана од светската пандемија на коронавирусот. Според овој план, Барселона планира да заштети околу 230 милиони евра. Каталонскиот клуб има најголеми трошоци за плати во шпанската Ла Лига.

Фудбалерите на Барса доброволно се согласија на намлаување на платите за 70 проценти почнувајќи од март па се додека трае кризата поради пандемијата. Според планот за намлување за следната сезона, како што тврди шпанскиот венсик „АС“, платата на Меси од 500.000 евра недлно би била намалена на 350 000 евра.

Во Реал Мадрид пак играчите во време на кризата се согласија на редукција од 10 до 20 проценти во зависност од тоа колку би траел прекинот. Моменталните планови се Ла Лига да продолжи во средината од јуни, но на стадионите дефинитивно нема да има навивачи.

Поради отсуството на навивачи, двата клуба решија да ја продолжат сезоната на многу помали стадиони, Барселона на „Јохан Кројф““ кој има капацитет од 6.000 седишта, а Реал Мадрид на „Алфредо Ди Стефано“ кој е со идентиечн капацитет. Ова бидејќи проценката е дека психолошкиот ефект кај играчите би бил помал ако настапуваат на помали стадиони во отсуство на публиката.

 

 

Се вчитува...