Наместо чудо, молк во Дортмунд во режија на Љорис и Кејн

Тотенхем сосема заслужено се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако лондонскиот премиерлигаш и на вториот натпревар беше подобар од Борусија, славејќи во Дортмунд со 0-1.

Голманот Љорис беше клучна фигура во првото полувреме, во кое Французинот имаше пет успешни интервенции во стартните 45 минути, не дозволувајќи им на домаќините со ран погодок да влезат во еуфорија. Печат на овој двомеч со гол на самиот почеток од второто полувреме стави Хари Кејн, обезбедувајќи заслужен пласман на Тотенхем меѓу најдобрите осум екипи на „Стариот континент“.

 

 

Се вчитува...