Наместо да фрлаат паричка, Ѓоковиќ и Рубљов се кршеа со јајца во чест на Велигден (ВИДЕО)

Во овие моменти во Белград се игра финалниот натпревар на Србија Опен, а за титулата се борат Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов. Србинот и Русинот пред почетокот на натпреварот направија спектакл откако наместо со традиционалното фрлање на паричка за бирање на страна, се кршеа со јајца во чест на големиот христијански празник Велигден.

Видеото стана хит на социјалните мрежи, а повеќе среќа имаше Русинот кој воедно води со 1-0 по првиот сет.

Се вчитува...